Петре Шилегов е лицето во СДСМ кое сериозно ќе ја загрози репутацијата на Радмила Шекеринска. Имено Шилегов за брзо време претендира да ја надмине според имотниот лист, Радмила Шекеринска и според поседувањето станови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

За само две години Шилегов успеал својот личен имот да го зголеми за над 200 илјади евра. Во две години, додека СДСМ ја држеше земјата во заложништво, додека Шилегов фрлаше бои и ги урнисуваше институциите на Република Македонија, историјата и државата, секој ден во просек по 300 евра се зголемувал неговиот личен имот.

Зад превезот борба против режим, Шилегов успеа за две години добро финансиски да се издигне. Прашањето е како?

И јавноста очекува одговори од господинот Шилегов и затоа ние повторно прашуваме:

Зошто Шилегов не објасни дали по добро разработен план сам себе си ги изнајмува становите и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво?

Колкава е месечната закупнина што самиот себе си ја наплаќа?

Дали сам себе си наплаќа месечен надоместок за адвокатски услуги од сопственото адвокатско друштво?

Колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво?

Да повториме, пратеничката плата не изнесува месечно 9.000 евра, а сопругата на Шилегов како што знае јавноста беше пријавена на минимална плата, а згора на тоа враќаше и кредит во износ од 160.000 евра.

Секој граѓанин би бил заинтересиран да дознае кој е рецептот на политичарот Петре Шилегов за волку брзо богатење



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2017 23:43