Според податоците на НБРМ девизните резерви на Македонија изнесуваат 2 милијарди и 557 милиони евра.

Во однос на четвртиот квартал од лани, тие се намалени за 56,3 милиони.

Хартиите од вредност заклучно со јануари достигнаа 2.159.500.000 евра, што е за 58,1 милиони евра повеќе во однос на декември 2016 година. Во јануари минатата година, вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.763.000.000 евра.

Минатата година девизните резерви во одреден период се зголемија како резултат на задолжувањето со еврообврзницата, додека од друга страна беше забележано и намалување на резвервите во валути.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2017 23:48