Пиењето на вода пред и за време на јадењето е навика која ја имаат многу луѓе. Новите истражувања откриваат дека пиењето на вода за време на оброк прави поголема штета на организмот од колку што придонесува.
Robin Joukilis – нутриционистка, во својата книга “Go With Your Gut“ тврди дека навиката на пиење вода додека јадете предизвикува штета на варењето и апсорпција на хранливите материи за организмот.
Робин препорачува да не се пие вода минимум пола саат пред јадење и пола саат после јадење. Доколку пак морате да пиете вода во тек на јадењето за да можете полесно да ја голтнете храната, препорачливо е да се земаат мали голтки. Во спортивно доколку испиете поголема количина на вода при јадењето, доаѓа до разредување на киселината во желудникот која е клучна за правилно варење на храната.
“Пиењето вода во тек на јадењето може да ви предизвика повеќе штета од колку корист. Преголемата количина на течност во тек на јадењето исто така може да предизвика надуеност, проблеми со варењето и спречување на правилна апсорпција на хранливите материи“ вели Али Милер, исто така искусна нутриционистка.
Иделаните pH честички во желудникот изнесуваат меѓу 1 и два и тоа ниво на киселост помага во разградувањето на протеините, го стимулира ослободувањето на ензими за варење, помага во апсорпцијата на витамини како што е витаминот Б12 и ја претвара храна во каша што целосно го олеснува варењето. Кога ја пиете водата во тек на јадењето целиот овој процес се успорува и тогаш се предизвикува надуеност и лошо варење, додава Али Милер.