Хан на твитер сподели слика пред средбата со Премиерот на Република Македонија Емил Димитриев. Во коментарот Јоханес Хан наведе дека зафатениот ден го започнува со Премиерот а потоа ќе разговара за зајакнување на енергетската поврзаност со Министрите од Западен Балкан.
Јоханес Хан ќе биде дел од Министерскиот состанок на земјите од Западен Балкан, италијанскиот Државен потсекретар за надворешни работи Винченцо Амендола и Генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ како и Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.
По завршувањето на состанокот Јоханес Хан треба да се сретне со лидерите на политичките партии во Македонија на кој се очекува да го изнесе ставот на Европската Унија во врска со пост изборниот период во Македонија и формирањето на нова Влада.