Република Македонија е соочена со период во која треба да се донесе решение, но не привремено туку решение кое ќе произведе стабилност, ќе го зајакне мирот, меѓуетничките односи и решение кое нуди сигурни гаранции за соодветни реформи во земјава, и дека ќе функционира владеењето на правото, изјави Ахмети по средбата со Јоханес Хан.

За постигнување каков било договор со СДСМ рече очекува писмена понуда, по што ќе одддржи внатрепартиски консултации со Централното претседателство во однос на понатамошни чекори.

– Сакаме материјали на писмено. Без тоа нема потписи од ДУИ. Прво треба да видиме што пишува на тој лист, а потоа ќе се одлучи од страна на органите на ДУИ, рече Ахмети.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2017 23:39