Од прилика сите го имате доловено амбиентот на разговорите со комесарот Хан, главна тема на разговорите и како еден заклучок е Македонија дека мора да ги убрза процесите, што побрзо формирање Влада е од интерес на граѓаните и на целата наша земја.

Секако разговарајќи за сите тие детали навлеговме од она што е најголемо очекување на граѓаните, така и на ЕУ, а тоа се итните реформски приоритети. Како што знаете коалицијата предводена од СДСМ, огромен дел од својата кампања, платформа, она за што се залага е да биде целосно посветена на реформските приоритети, согласно Извештајот на Европската Унија, Извештајот на Прибе, впрочем тоа е едно од најголемите очекувања на граѓаните, од коишто се очекува и да се подобри економскиот живот на сите во Македонија.

- Зборот е збор. Било да е усно кажан, или на писмено. Ќе ги дадеме материјалите на ДУИ, ќе сториме сè да се заврши процесот на собирање на потписи за формирање Влада. Но, сакам да потсетам дека кога преговараше со ВМРО-ДПМНЕ, тој на Груевски ништо не му побара на писмено - изјави Заев по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Собранието.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2017 23:42