Македонија падна за три места на ранг-листата на ФИФА и се наоѓа на досега најлошото 165-то место, израмнувајќи се со репрезентацијата на Косово.

Од март Македонија ќе почне со нови натпревари, па нашите фудбалери ќе имаат шанса да го подобрат пласманот.

Од репрезентациите што се натпреваруваат во нашата квалификациска група, послаб е само Лихтенштајн, кој се наоѓа на 178-мата позиција. Најдобра е селекцијата на Шпанија, која се наоѓа на десеттото место, Италија е 15-та, Албанија 55-та, а Израел се наоѓа на 60-тата позиција.

На врвот на најновата ранг-листа сè уште е Аргентина, а меѓу најдобрите десет потоа следуваат: Бразил, Германија, Чиле, Белгија, Франција, Колумбија, Португалија, Уругвај и Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2017 23:53