Дербито на Премиер лигата во 25-тото коло е резервирано за натпреварот Ливерпул – Тотенхем, кој ќе се одигра утре со почеток од 18:30 на Енфилд.
Тимот на Ливерпул кој се наоѓа во резултатска криза со пет натпревари без победа во Англиското првенство се чини дека ќе има тешка задача оваа серија да ја прекине. Најмногу поради тоа што Тотенхем оваа година, знае како со екипите од врвот на премиер лигата.
Од друга страна пак, Тотенхем, кој е на втората позицијата на табелата веднаш зад лидерот Челзи и на кој успеа да им ја прекине низата од 13 победи, игра доста променливо на гостински терен за разлика од натпреварите кои ги игра пред домашната публика, каде што сезонава нема загубен и има само два нерешени натпревари.
Во тимот на Ливерпул нема нови повредени играчи освен Марко Грујич и Дени Ингс, а во составот на Ливерпул можно е да не се најдат и Клаван поради болест како и Ловрен кој сеуште заздравува од повредата и голема е веројатноста да не биде дел од стартната постава на Ливерпул. Во тимот на Тотенхем ќе отсуствуваат Ламела, Роус и Вертонген.
Англиските медиуми шпекулираат дека Ливерпул ќе настапи со формација 4-3-3 а најверојатно на голот нема да биде стандардниот Мињоле туку неговото место ќе го заземе Кариус. Во одбраната ќе бидат Клајн, Матип и Милнер а четрвриот дефанзивен играч најверојатно како стартер ќе биде Лукас Леива (или евентуално Ловрен ќе го започне натпреварот но сигурно нема да издржи 90 минути на теренот). Средниот ред на Ливерпул ќе биде составен од Лалана, Хендерсон и Вајналдум додека во нападот ќе бидат Мане, Фирмињо и Кутињо.
Екипата на Тотенхем пак ќе настапи со нешто подефанзивна варијанта односно во формација 4-2-3-1 каде што на голот ќе биде Уго Лорис, во одбраната Волкер, Алдервеилд, Дајер и Дејвис додека Дембеле и Вајнама ќе бидат од помош и за одбраната и за нападот. Сан, Али и Ериксен ќе бидат дел од средниот ред на Тотенхем додека Кане е единствениот истурен напаѓач на Тотенхем за натпреварот против Ливерпул.