Приходите во тој период изнесувале 717 милиони долари, што е за 23 милиони помалку од очекуваните 740 милиони што е раст од 1% во однос на истиот период минатата година. Следствено на ова, инвеститорите покажаа загриженост па акциите на берзата паднаа за цели 12% по објавувањето на финансиските резултати.

Иако за разлика од истото тромесечје споредено со 2015 година има раст на приходите, сепак, твитер загуби цели 167 милиони долари во споредба со третото тромесчје од 2016 година, а на годишно ниво твитер забележа губиток од 457 милиони долари.

Иако Доналд Трамп речиси секојдневно во својата кампања ја користеше оваа социјална мрежа, сепак тоа не делуваше позитивно на приходите, туку само на придобивањето на нови корисници, што беше сосема неочекувано за инвеститорите. Во последните три месеци регистрирани се околу 2 милиони нови корисници.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 03:59