Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“ и Здружението на граѓани „Хуман свет“, по 13-ти пат, организираат низа активности поврзани со Св. Трифун и Св. Валентин.

Утре низ Дебармалските улици стартуваат познатите серенади: закројување на лозница на ул. „Коле Неделковски“ бр. 5/1 во 11:30 часот, поетско – музички перформанс кај Жабарот во 12 часот, пуштање порака за мир во водите на реаката Вардар, во 18 часот пеш со песни и серенади движење по улиците „Костурски херои“, „Дебарца“ и по Боемската улицa.

Активностите продолжуваат и во понеделник со хуманитарна вечер по повод љубовта и виното, манифестирајќи поддршка, хуманост, одговорност, љубов и човечка добрина.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 13:27