Во 25-тото коло од Англиската премиер лига, тимот на Арсенал на домашен терен ја пречека екипата на Хал и лесно успеа да го совлада, рака на срце, со помош на судиите. Златното момче на Арсен Венгер, овој пат ја употреби својата златна “рака“ и токму преку неа го отвори резултатот во 34 – тата минута. Судиите не забележаа дека Алексиз Санчез голот го постигна играјќи со рака па го признаа за регуларен.
Арсенал по првото полувреме ја задржа предноста против тимот на Хал.
Иако во второто полувреме имаше доста незивесност од резултатски аспект, сепак точка на победата стави повторно со Санчез со удар од белата точка во судиското продолжение односно во 93 – тата минута.
Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот