Тимот на Лајпциг загуби на домашен терен од Хамбургер со 3:0 и го забележа вториот пораз во низа по минатоделниот од Борусија Дортмунд. Тимот пак на Баерн Минхен успеа да слави на гостувањето во Инглоштад со 2:0 и на тој начин се зацврсти на врвот на табелата во Бундес лигата со 7 бодови пред Лајпциг.

Во останатите натпревари Менхенгладбах го совлада Вердер Бремен со минимални 1:0, Леверкузен без поголеми проблеми славеше на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 3:0, додека изненадувањето на колото беше поразот на Борусија Дортмунд од последно пласираниот Дармштад кој успеа да го совлада со 2:1



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2017 18:57