Мендух Тачи останува Претседател на Демократската партија на Албанциите се до локалните избори. Ова е одлуката на највисокото партиско тело на партијата – Централното собрание по неколкучасовна дискусија. Централното Собрание на ДПА кое заседаваше во Тетово.

Вонредниот конгрес на партијата на кој ќе се избира нов претседател како и нови партиски структури ќе се оддржи по локалните избори.

– Имам многу волја да се борам со противници, ама не со ДПА кои се моите луѓе. Контекстот временски е таков, што не ми овозможува многу простор, се наоѓаме на праг на локалните избори. Морално не сакам да изиграм како некои други лидери. Ако изберевме друг претседател на ДПА, имавме голема можност да се соочиме со слаб резултат на локалните избори и тоа да се интерпретираше како евтин политички трик од моја страна. Затоа јас прифатив да ја вода партијата на овие локални избори и убеден сум дека ќе имаме многу подобар резултат – изјави Мендух Тачи а пренесе новинската агенција Мета.

Тој додаде дека Централното собрание го овластило да почне разговори со политичките чинители за состав на нова влада.

– Првиот состанок ќе го барам со Иванов и ќе барам од него да ми даде мандат за следна влада. Гледам дека се смеете, но и јас се смеам кога друг некој бара мандат. Иванов 99 отсто нема да ми го даде мандатот, сигурно ќе ми рече да соберам 61 потпис и потоа ќе се обидам да соберам како што другите се обидоа – рече Тачи



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2017 18:41