Во продолжение интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поразената СДСМ е партијата која земјоделците ги сметаше за граѓани од трет ред. Тие во време кога можеа да направат нешто за нив, односно кога беа на власт им праќаа полиција да ги тепа, не им исплаќаа ниту денар субвенции и беа глуви и слепи кога земјоделците ги палеа и газеа своите производи затоа што не им се исплатеше да ги продаваат.

СДСМ тогаш абер немаше да понуди помош или конкретна мерка за земјоделците. Сега лицемерно тие нудат некакви проекти. Патем и ова кое што СДСМ сега го нуди ни од далеку не е мерка која ќе им помогне на земјоделците, затоа што и досега државата интервенирала и тоа со многу повеќе средства кога се работи за обештетување на земјоделски површини и за помош на земјоделци од природни непогоди.

Така бројката која сега СДСМ ја предлага е далеку пониска од реалните исплати кои државата на годишно ниво ги одвојува по оваа ставка. Дополнително на земјоделците во Македонија им стојат на располагање 150 милиони евра субвенции и повеќе мерки кои може да ги искористат.

Сево ова покажува колку всушност СДСМ нема реален контакт со земјоделството и земјоделците во Македонија. Оваа партија беше и остана салонска и елитистичка партија која освен лажни и нерационални ветувања нема што друго да понуди на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2017 19:53