Вкупно осум гола беа постигнати на натпреварот помеѓу Торино и Пескара кој се одигра во рамки на 24-тото коло на Италијанската Серија А. Првото полувреме го добија домаќините и заминаа со висока предност од 3:0, додека второто полувреме им припадна на гостите кои исто така постигнаа 3 гола, но примија и 2. Пескара е убедливо најслабата екипа оваа година и е речиси испадната од како по 24 кола се наоѓа на последното место на табелата со само 9 освоени бодови.
Фаворитите пак, Рома и Интер стигнаа рутински до победи, од како и двете екипи со идентичен резултат ги совладаа Кротоне и Емполи. Рома на гостински терен стигна до победата со головите на Најгонлан и Џеко, додека Едер и Кандрева беа стрелци за победата на Интер.
Во останатите два натпревари од попладневните термини во Италија, Сасуоло загуби на домашен терен од Киево со 3:1 додека Палермо на нашиот Несторовски, исто така загуби со 3:1 на домашен терен од екипата на Аталанта. Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот на кој паднаа осум гола.