Скоро никој и да не очекуваше ваков тежок пораз на Каталонците на гостувањето кај Принцовите од Париз. Тимот на ПСЖ кој сезонава игра променливо во домашното првенство, успеа да и го нанесе највисокиот пораз на Барселона во последните година и пол.

Анхел ди Марија го отвори резултатот во 18-тата минута за водство на ПСЖ со прекрасен гол од слободен удар, додека на 2:0 зголеми Дрекслер во 40-тата минута. Во второто полувреме, ди Марија повторно со прекрасен удар од 20-тина метри зголеми на 3:0 додека Кавани го постави конечниот резултат во 72-та минута.

Бенфика пак успеа да слави на домашен терен против екипата на Борусија Дортмунд а најголем “кривец“ за поразот на Дортмунд е Обамејанг кој промаши три стопостотни шанси за тимот на Дортмунд а промаши и пенал во 58-та минута. Митроглу беше стрелецот кој и ја донесе победата на Бенфика.

Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот ПСЖ - Барселона како и голот на Митроглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2017 21:41