На предлог на Градоначалникот Александар Панов, денеска се организира јавна расправа на која ќе се говори на тема екологија, насловена „Состојби и можни решенија за надминување на проблемот со сезонското загадување на воздухот со ПМ 10 честички“.
Сите заинтересирани граѓани како и претставниците на НВО секторот, ќе имаат можност да присуствуваат и да земат учество со свои дискусии на оваа актуелна тема.
Јавната расправа ќе се одржи во големата сала на Општината, со почеток во 12:00 часот.
Претходно, Еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци и граѓани, реагираа на загадувањето во градот, кој е меѓу најзагадените во државата.