Морскиот лав во Скопската Зоолоша градина голтнал камен и тоа било причината за неговата смрт, соопштија денеска на прес-конфренција. Морскиот лав угина минатата недела а беше донесен во Скопје од Загребската Зоолошка градина.

Поради голтањето на каменот на лавот му се затнале хранопроводот и желудникот за потоа да настапи смрт, истакна Дане Кузмановски од Зоолошката градина

Причината за смртта била утврдена после обдукцијата која е извршена врз трупот на починатото животно. Обдукцијата е извршена на Факултетот за ветеринарна медицина.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2017 11:39