На вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Барселона покрај тоа што Каталонците медиумски лошо поминаа во Шпанија, денес тоа го прават и светските медиуми.

На јутјуб се појави јасна снимка од 60-тата минута на натпреварот кога Барса имаше негатива од 3 гола, каде што Нејмар во дуелот против ди Мариа направи потег за кој несомнено треба да го добие оскарот за глума.

Од кога ја изгуби контролата на топката, Нејмар одглуми фаул, кој воедно и го доби а како изгледаше сето тоа погледнете во продолжение.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2017 14:14