“Одлична вест за жителите на Гевгелија. Денеска започнува изградбата на новиот водовод вреден над 1, 7 милиони евра. Со неговата изградба, директни корисници на придобивките ќе бидат околу дваесетина илјади граѓани од општина Гевгелија, Богородица, Моин и од Мрзенци. Исто така, директна корист ќе имаат и дел од жителите на соседната општина Богданци, како и населените места Селемли и Стојаково.
Проектот предвидува изведба на 4 бушотини, пумпни станици, хлорна станица, цевковод и резервоар за вода со капацитет од 1000м³.
Вкупната должината на ново изградениот потисен и доводен цевководот ќе изнесува над 3.5 км, а неговата изградба ќе трае помалку од една година. Ова е почеток на реализацијата на уште едно ветување од нашата програма. Со ова ќе се надминат проблемите со водата и директно ќе се влијае на подобрување на нејзиниот квалитет. За релизација на овој проект особен придонес даде градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и Владата, а истиот ќе се реализира во соработка со ЕУ и Светската банка.
Нашата цел е подобрување на реалниот живот на граѓаните. И покрај сите политички предизвици, нашиот основен приоритет се граѓаните и тоа така и ќе остане. Ние продолжуваме со работа, со проекти со кој се подобрува секојдневието на граѓаните.“ напиша Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никога Груевски на партискиот профил.