Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција истакна: “Документот доставен до ДУИ, по својата содржина е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање на мандат за состав на Владата“ одговори Шилегов.

Шилегов истакна дека не би шпекулирал повеќе на таа тема и додаде:

“Нашите очекувања се дека повратниот одговор ќе бидат потписите за состав на Владата“

Медиумите пак деновиве, шпекулираат дека СДСМ во целост ја прифатила албанската платформа која беше предложена од страна на албанските партии.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2017 15:10