Иако првите 45 минути не предвидуваа високи победи на домаќините Реал Мадрид и Баерн Минхен, сепак во вториот дел од натпреварите целосната доминација на фаворитите им донесе високи победи.
Кралевите ги совладаа Наполитанците со 3:1 а Кристиано Роналдо не успеа да се запише во листата на стрелците. Тимот на Наполи го отвори резултатот на натпреварот и поведе со 1:0 преку голот на Инсиње во 8-та минута додека Бензема само десет минути подоцна успеа да изедначи на 1:1. Во второто полувреме Реал Мадрид дојде до рана предност од два гола па така Крос во 49-тата минута и Каземиро во 54-тата минута го поставија конечниот резултат.
Баерн Минхен пак, неочекувано, со високи 5:1 го совлада Арсенал на Алианц арената. Робен им донесе рано водство на Баварците уште во 11-тата минута а Санчез по промашениот пенал и со малку повеќе среќа од одбиената топка успеа да изедначи на 1:1 во 30-тата минута. Како и Реал Мадрид, така и Баерн Минхен во вториот дел успеа да стигне до рана предност од 2 гола преку головите на Левандовски во 53-тата минута и Алкантара во 56-тата минута а својата доминација на теренот до крајот на натреварот ја круниса со уште еден погодок на Алкантара во 63-тата минута и Милер во 88-тата минута.
Во продолжение погледнете ги најинтересните моменти од натпреварите.