Во текот на вчерашниот ден, политичкиот аналитичар Ѓорѓи Спасов на својот фејсбук профил објави виц наменет за лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Спасов напиша:
“Тргнал Ахмети со сопругата да се прошета по Сити Мол во Скопје и гледа голема група на граѓани со транспаренти на кои пишува: ” Нусе. Дај му на Али! ” Нусе дај му на Ахмети” “Аман Нусе дај му на човекот.” Се чуди Али Ахмети и го прашува Артан Груби што сакаат да му кажат овие што протестираат со вакви пароли. А Артан му објаснува. “А бе шефе. Сакаат да кажат. Дај му бе Нусе на Али доста нас не еб..е“
Постот на Ѓорѓи Спасов не остана незабележан од лидерот на ДУИ, Али Ахмети па така тој на социјалната мрежа раскажа една анегдота поврзана со Ѓорѓи Спасов која се случила во Маврово, при што констатираше дека Ѓорѓи Спасов е лажго без трошка семејна вредност.
“„На 10-11 мај 2003 година, организацијата ПЕР (Project on Ethnic Relations) организира една конференција за поминатите шест месеци од првата меѓуетничка коалиција во Македонија, поканувајќи претставници од политичките партии и од меѓународната заедница во Маврово.
Меѓу поканетите бев и јас. Голем впечаток ми остави коментарот на претседателот на ПЕР, господинот Ален Касоф, за еден од поканетите на вечерата помеѓу гостите. Господинот Касоф му кажа на овој пратеник дека го познава од некаде и дека се сретнале некогаш порано, но на пратеникот не му текнуваше за таа средба иако ги смени изразот и бојата на лицето.
Пред присутните господинот Касоф раскажа дека оваа личност ја сретнал за време на една непријатна средба со Слободан Милошевиќ во Белград и дека никогаш нема да го заборави лицето на овој македонски пратеник. После средбата со Милошевиќ, гостите од меѓународната заедница, меѓу кои бил и Касоф, го прашале овој човек за патот до хотелот, при што тој им дал погрешни насоки и наместо кон хотелот, ги упатил кон зоолошката градина. Господинот Касоф му кажа на пратеникот дека никогаш нема да го заборави неговото лице токму поради стравот што му го наметнале криците на животните од зоолошката, односно поради лажните насоки на овој човек.
Овој лажго, соработник и истомисленик на Слободан Милошевиќ беше токму Ѓорги Спасов, кој денеска ни се претставува како интелектуалец и модерен и сака со ниски навреди, без капка човечка и семејна воспитаност, да влијае врз јавното мислење или да се направи „интересен“ како задоцнет адолесцент кој го пропуштил и општествениот и политичкиот воз. Ја раскажав оваа приказна почитувани пријатели затоа што вистината го има започнато својот пат и треба да излезе на виделина, за секој од нас, а особено за ваквите лажговци.“ напиша Али Ахмети на неговиот фејсбук профил.
Етаблираните естрадни ликови пак, не останаа имуни на фејсбук “војната“ па во препукување влегоа Актерот Владо Јовановски и композиторот Златко Ориѓански.
Владо Јовановски на својот профил напиша:
“Фауст од Муртино потпишал! Своерачно го потпишал договорот. Го потпишал со крвта на загинатите бранители, од сегашните и минатите војни. На тој слуга, гласот му го дадоа триста и педесет илјади заблудени граѓани. Има и такви што велат дека ѓаволот ги измамил, дека биле несвесни. Како и да е, после е..ње нема каење. Само, штетата што ја направи таа црпка е голема. Ќе има војна! Нова војна ќе има! Црпко, никој не сака во твојата кожа да биде!“
По што следеше коментар од композиторот Златко Ориѓански кој му реплицираше на Владо Јовановски со следниов пост: “Владо Јовановски, те познавам можеби 30 години како глумец и како човек, те знам и пијан и трезен. Ти мене, како музичар.Многупати сме биле без скршен денар во себе, безбројпати, преполни со пари. Работевме заедно во исти претстави кај покоен Владо Цветановски, ако се сеќаваш, ако Господ не ти го зел до крај паметот.Дали паметиш, заедно со Владо бевте распаметени од филмот, од нашата музика за „Пред дождот“ се сеќаваш колку ракија и вино измешани со стихови имаме испиено слушајќи моја музика, зборувајќи за Македонија, за Петрета М. Андреевски, за оној поет самоубиец, Љупчо Сивевски ? Денес, повикуваш на војна. Јас не можам да пукам во никого, ниту во тебе, ниту во твојте деца. Ти си спремен да пукаш во мене ? Пукај бе братучед, пукај!“ напиша Ориѓански.
Во светски рамки социјалната мрежа ја користат политичарите за да разменат пораки едни меѓу други, а тој тренд станува се повеќе застапен и во нашата земја. Сепак, во овој случај, во ваква неизвесна политичка ситуација во Македониј, ваквата комуникација можеме да ја протолкуваме како политичка комуникација од една кон друга партија со една и единствена цел – политички притисок.