Движењето „Беса“ денеска преку соопштение сугерира експертите од Еуростат кои ја оценуваат работата на Државниот завод за статистика да упататат прашања до ДЗС за ангажманот во оваа институција на лица од албанската етничка заедница.

„Имајќи предвид дека последната посета на експертите од ЕУРОСТАТ беше во 2010-та година, во исто време свесни дека до следната посета може да помине многу време, сакаме да ја искористиме оваа можност јавно да му поставиме неколку прашања на ДЗС, со цел на поточно информирање на експертите и на јавноста. Тоа што не поттикна да го преземаме овој чекор е фактот дека од оваа институција постојано се давале неточни информации, за што Движењето Беса постојано реагираше“, се вели во соопштението.

Според Беса, ДСЗ треба да даде одговори, во однос на тоа дека, како што тврди, во Државниот завод за статистика не биле ангажирани Албанци на раководни позиции во сектори и единици на оваа институција и за наводно намалување на бројот на албанците во оваа институција.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2017 13:48