Над 300 жени лидери од пет континенти ќе учествуваат на Global Women Leaders’ Summit 2017 во организација на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), во соработка со Асоцијација на бизнис жени во Република Македонија како и Светската бизнис организација Македонија.
Глобалениот самит на жени лидери “Global Women Leaders’ Summit 2017“, ќе се одржи на 17 и 18 февруари во Хотел Мериот Скопје.
На Global Women Leaders’ Summit 2017, ќе учествуваат еминентни жени од повеќе области, политика, дипломатски кор, корпоративна елита, кои со својата работа и искуство придонеле кон афирмирање на одредена област.
Целта на Самитот е остварување на меѓународен дијалог, кој води кон унапредување на женското лидерство, детектирање на предизвиците со кои се соочуваат жените на роководните функции на патот кон успехот, креирање на стратешки политики за развој, како имеханизми кои позитивно ќе влијаат на економијата.
На Самитот ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија, во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови.