Во продолжение интегралниот текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ја манипулира јавноста, а особено вработените во администрацијата.

И во изминатата година во која имаа шанса да бидат дел од извршната власт, не понудија ниту една идеја за унапредување на јавните услуги, туку ги блокираа институциите со држење на секојдневни прес конференции со цел ширење на дезинформации, навредување, етикетирање и омаловажување на вработените во јавната администрација.

Наместо таквата политика, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со позитивен, одговорен и партнерски однос кон граѓаните и компаниите.

Затоа, во програмата Реално е понуден концепт на сервисна ориентираност на институциите преку воведување на едно шалтерски системи, сали за јавни услуги, општински канцеларии за административна помош, воведување на работна сабота и воведување на флексибилно работно време.

Ваквиот сеопфатен и добро промислен сет од мерки ќе обезбеди широк дијапазон на услуги адаптирани на потребите и можностите на граѓаните. Земајќи ги предвид современите технологии кои обезбедуваат голема достапност до јавните услуги, електронски, 24 часа, 7 дена во неделата, граѓаните на Република Македонија и македонските компании и во изминатиот период користеа голем број електронски услуги кои ги нудат Катастарот, Централниот регистар, Фондот за здравствено и Фондот за пензиско осигурување, Агенцијата за вработување, Царинската управа и други институции, се до целосна дигитализација на сите јавни услуги, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2017 16:52