Резолуцијата на Европскиот Парламент, со која се бара да се почитуваат правата на “бугарското население” во албанските региони, Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, каде што живеат Македонци, претставува сериозна провокација од официјална Софија, но и голем гаф на македонската дипломатија, која не презема ништо за да ги информира и предупреди европејците дека носењето на таквата резолуција не е одраз на реалните состојби во тие региони.

Демократскиот сојуз, смета дека, Европскиот парламент не смее да "наседнува" на злоупотребите со членството во ЕУ, кои ги прави Бугарија со издавањето државјанства и пасоши на Македонци. Познато е дека голем дел од нив, било да живеат во Република Македонија, или се малцинство во некоја од соседните држави, од чисто економски причини земаат бугарски пасош, која за нив е патна исправа што им овозможува непречен влез и престој во земјите на Унијата.

Република Бугарија неколку пати е опомената поради ваквата пракса на злоупотреба на патните исправи, но како што гледаме од последната резолуција во ЕП која се однесува на напредокот на Република Албанија, таа продолжува и понатаму.

Инаку, во Албанија нема бугарско национално малцинство, туку македонско. Доколку имаше, ќе формираше свои културни друштва или политичка партија и ќе покаже и друг вид на активности.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2017 15:04