Медиуми: Господине Заев од ДУИ дали добивте нов предлог закон за употреба на јазиците или само забелешки на законот што вие го подготвивте?

Заев: Тоа се исти материјали за коишто дискутираме. Верувам дискутирале и со ВМРО ДПМНЕ сега дискутираат и со нас. Доцна синоќа негде пред полноќ стигнаа материјалите, работните групи го разгледуваат материјалот и штом ќе имаме некакви информации веднаш ќе ве известиме. Она што сакам да и го кажам на јавноста, можеби ќе се повторам, за нас е се прифатливо што е во рамките на Уставот и сето она коешто претставува практична потреба на граѓаните од албанската заедница секако имајќи го во предвид и аспектот на потребата на граѓаните и од другите малцински заедници. Тие две рамки уставно да биде издржано и одржливо и практична потреба на граѓаните сето тоа ја претставува рамката на разговорите и јас верувам дека ќе успееме да изнајдеме решение.

Медиуми: Дали се прифатливи забелешките? Очекувате брз исход со оглед на комуникацијата којашто ја водите?

Заев: Јас верувам дека со вака широко поставени рамки исправени со концептот едно општетство за сите верувам дека ќе се изнајде решение. Не можам да кажам кога тоа ќе се случи заради тоа што знаете дека не сме ние тие во оваа постапка коишто одлучуваат генерално. Пред се чекаме одлуки од страна на ДУИ. Еве синоќа дадоа одредено решение, го немам видено лично, но секако во најбрзо можно време ние веднаш ќе се изјасниме.

Медиуми: Што ви достави ДУИ како предлог закон?

Заев: Го немам видено. Синоќа на полноќ стигна. Од сабајле се овие активности отворени. Работната група, составена од Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Рената Дескоска, а потпомогната од доста експерти од партијата и надвор од неа, веќе работат на материјалот. Првата работа која ја гледаме при вакви договарања е Уставот и дали е во рамки на Уставот. Втора работа, дали е вистинска практична потреба на граѓаните. Да не биде само хир, да не биде само политизација, конечно да ги решиме овие работи за да може да продолжиме натаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2017 17:26