Од компанијата “Huawei“ најавија дека новиот модел - “Huawei P10“ ќе биде претставен на годинешниот „Mobile World Congress“ во Барселона кој ќе се оддржи на 26 февруари.
Во јавноста се појавија слики од можниот изглед на новиот модел а според нив може да се види дека на задниот дел од телефонот останува камерата “Leica“ додека на предниот екран копчето “home“ ќе биде со сензор за отпечаток на прстот, нешто слично како Iphone-от. Интернет порталите специфицирани за следење на новостите од мобилната технологија шпекулираат дека новиот модел на “Huawei P10“ пристигнува со 5,2-инчен “FullHD“ eкран со “Kirin 960“ процесор и основни 4 GB RAM и 32 GB интерна меморија.
“P10 Plus“ верзијата пак, ќе има заоблен екран од двете страни а сензорот за отпечаток од прстот ќе се наоѓа од задната страна. Оваа верзија ќе биде и визуелно и технички подобра од основната верзија на “Huawei P10“.