При тепачка во „Скопје Сити Мол“ помеѓу двајца малолетници настрада едно лице од убод од нож и истото е однесено во Ургентниот центар, дознава Телевизија 24 од болнички извори. Од МВР за ТВ 24 го потврдиле немилиот настан и работат на расветлување на случајот.
Неофицијално, физичката пресметка, следела по вербална расправија на двете лица а полицијата успеала да го идентификува напаѓачот и истиот е приведен во полициска станица. Според информациите немилиот настан се случил околу 21.00 часот на големата тераса во „Скопје Сити Мол“ која што се наоѓа на вториот кат.
По немилиот настан во трговскиот центар беше евидентирано зголемен број на полиција и на обезбедување. Покрај нападот, “Сити Мол“ работеше без прекин.