Лидерите на албанските партии ја започнаа средбата во скопскиот хотел „Арка“. На средбата присутни се лидерите на партиите од коалицијата Алијанса на Албанците, Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети кој пристигна заедно со Артан Груби.

Лидерот на Беса, Билал Касами не се појави на средбата.

Од Беса вчера рекоа дека тој не добил официјална покана и неколкупати нагласија дека нема да седнат на иста маса со Ахмети.

Се очекува на средбата партиите да ги разгледаат сите опции околу можноста за формирање на новата влада како и да разговараат за понудата од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Зијадин Села вчера попладне пред да започне Централното претседателство на Движењето за реформи на ДПА рече дека за него се неприфатливи предлозите на СДСМ за употреба на албанскиот јазик, за кои се зборува во јавноста,

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА не сакаше да открие за какви предлози станува збор, додавајќи дека неговата партија останува на ставот за целосно официјализирање на албанскиот јазик.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2017 14:45