Утревечер, екипите на Милан и Фиорентина го играат дербито од 25-тото коло на Италијанската Серија А. Тимот на makpress.mk направи анализа на постигнатите и примените голови како мала помош за нашите прогнозери.
Екипата на Милан има само еден бод повеќе од екипата на Фиорентина и се наоѓа на седмата позиција во Италијанската Серија А, додека екипата на Фиорентина со 40 освоени бода е на осмата позиција.
Пред утрешниот дерби натпревар на овие две екипи Милан ја пречекува Фиорентина со значително ослабен состав поради отсуството на Антонели, Бонавентура, Де Шиљо, Монтоливо и Ромањоли додека во редовите на Фиорентина најавено е отсуство само на полскиот играч Драговски.
Тимот на makpress.mk направи анализа на минутите во кои овие две екипи постигнуваат и примаат најмногу голови како мала помош на нашите прогнозери кои можат да одговараат на поставеното прашање и да добијат ваучер во висина од 100 денари од Спортската обложувалница Спорт Лајф.
Севкупно, во 25 кола од Италијанската лига, екипата на Милан дала 34 гола а примила 28, од кои 17 гола дала на домашен терен а примила 12, додека во гости Милан стрелал идентично, односно постигнал 17 гола а примил нешто повеќе, односно 16 гола.
Од вкупно дадените 34 гола, екипата на Милан во периодот од стартот на натпреварот па до 10-тата минута постигнал 2 гола а примил 4 гола. До 20-тата минута идентично играле и дале 2 гола а примиле 3 гола. Во периодот помеѓу 20-тата и 30-тата минута, Милан не успеал ниту еднаш да ја затресе противничката мрежа а успеала да прими 3 гола. Во периодот од 30-тата од 40-тата минута Милан постигнал 3 гола на 25 натпревари а примил 2. При крајот на првото полувреме и почетокот на второто, Милан ја затресле мрежата вкупно 5 пати а примиле само 2 гола. Во вториот дел од 50-тата до 60-тата минута Милан погодил 6 пати а во истиот период примил 2 гола. 5 пати погодил и во периодот од 60-тата минута до 70-тата а примил само еден гол. Од 70-тата минута до 80-тата, тимот на Милан прецизно стрелал 4 пати а примил дури 6 голови, додека во последните десет минути од натпреварите Милан бил најефикасен со постигнати дури 7 гола и 5 примени гола.
Првите голови пак Милан најмногу ги постигнувал во периодот од 40 до 50 минута, додека противниците на Милан првите голови против него најмногу ги постугнувале во периодот од 10-тата до 20-тата минута. (Четири гола).
Тимот на Фиорентина пак е поефикасна екипа од Милан па во досегашниот период има постигнато вкупно 41 гол а примено 33 гола. Во периодот од стартот на натпреварот па до 10-тата минута, интересно, тимот на Фиорентина досега нема постигнато ниту еден гол а има примено 3 гола. Од 10-тата до 20-тата минута, Фиорентина има постигнато вкупно 4 гола а примено 2, додека од 20-тата минута до 30-тата минута постигнале исто така 4 гола и примиле 4 гола. Од 31-та минута до 40-тата минута, Фиорентина постигнала 8 гола а примила 4 додека кон крајот на натпреварот и почетокот на вториот дел, примиле и дале по 3 гола. Од 51-та минута до 60-тата минута Фиорентина дала помалку од колку што примила, односно постигнале 5 а примиле 6 гола. Од 61-та минута до 70-тата минута е најефикасниот период за Фиорентина и во тие десет минути успеале да постигнат дури 9 гола а да примат само 2. Во периодот до 80-тата минута дале 1 а примиле 5, додека во последните 10 минути од натпреварите дале 7 гола а примиле 4 гола.
Првите голови, тимот на Фиорентина најмногу ги постигнува во периодот од 30 до 40 минута кога прецизно стрелала 5 пати (точно во 37-та минута постигнала два пати гол) додека во истиот период од натпреварот ги прима и првите голови. Од 30-тата до 40-тата минута примила вкупно 4 гола од кои 3 биле примени во 37-тата минута.
После анализата, оставаме на Вас да погодите во кој период од натпреварот ќе падне првиот гол на натпреварот помеѓу Милан и Фиорентина и доколку погодите да добиете ваучер во износ од 100 денари од спортската обложувалница Спорт Лајф.