Интегрален текст од соопштението на СДСМ:
Ќе вложиме 600 милиони евра во првите две години од мандатот за изградба на патишта. Секој граѓанин да има пристапен сигурен и безбеден пат до секое населено место во Македонија.
Уште во првите 6 месеци од мандатот ќе усвоиме Стратешки план за инвестициите во патната инфраструктура во Македонија. Планот е целосно да се модернизира целосната инфраструктура во Македонија со инвестиции од 3 милијарди ерва во следните 10 години.
Со тоа ќе обезбедиме изградба на:
- 600 километри автопатишта и експресни патишта, - 550 километри магистрални и регионални патишта, - 1.000 километри локални патишта.
Недозволиво е во 21-от век голем дел од жителите во Македонија да бидат отсечени од светот затоа што немаат пат. Граѓаните да се движат по калливи, непроодни и небезбедни патеки наместо патишта. Луѓето и туристите да се движат по небезбедни автопатишта.
Во Планот за живот се обврзавме и дека ќе ја модернизираме патната инфраструктура со електронски патарини, што ќе ги поместиме на излезите на автопатите, со цел да се намали времето на патување. Ќе поставиме најсовремена сигнализација на експресните, магистралните и регионалните патишта.
Но се обврзуваме и на инвестиции и модернизација на железничката инфраструктура, обновување на возниот парк со осигурани патни премини и соларни железнички станици.
Ќе вложуваме во капиталнипроекти што ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе донесат економски придобивки за државата.
Затоа е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја на граѓаните којашто ќе води реални политики во интерес на сите граѓани и на Македонија.
Од оваа 2017 година го создаваме животот што заедно го избравме!