Популарниот црвен телефон на задната страна го има изгравирано името на Адолф Хитлер, а се продава од страна на синот на Британскиот генерал Сер Ралф Рејнер кој успеал да го земе после втората светска војна.

Според една од верзиите, Генералот Рејнер телефонот го добил од руски војник во Берлин 1945 година а според друга верзија се вели дека Генералот успеал сам да го земе од напуштениот бункер на Хитлер како сувенир а потоа долго го користел и во својот дом во Англија.

Почетната цена на телефонот ќе биде 100.000 долари, но се очекува неговата вредност да достигне меѓу 200.000 и 300.000 долари.

На овој телефон Хитлер издавал наредби во последните две години од Втората светска војна. Тој го користел апаратот во штабовите на својата армија, во автомобилите и возовите и се претпоставува дека преку овој телефон се нарачани голем број на убиства.

Иако сопственикот се реши да го продаде, сепак се надева дека купувач ќе биде некој од светските музеи и истиот ќе биде изложен за да потсетува на страшните денови од Втората светска војна.

Црвениот телефон на Хитлер се продава


Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2017 18:07