Поранешни високи функционери на МВР и други физички лица и правни лица од Скопје, Куманово и Струмица се под истрага за изборни нерегуларности и злоупотреба на службени овластувања.
Како што соопштуваат од ЈОРМ, делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година.
– Постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите, со што ги сториле кривичните дела, појаснуваат од ЈОРМ.
Во насока на целосно утврдување на фактичката состојба, како што стои во соопштението, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција презема дејствија на вршење проверки и прибавување на потребни известувања, податоци и докази.