Технолошкиот гигант Мајкрософт планира да вработи 600 нови работници во Ирска. Од нив, 500 ќе работат во новиот Inside Sales центар на Мајкрософт, а останатите ќе добијат други работни обврски во земјата.
Inside sales центарот ќе се формира за потребите на продажбата на нивниот софтвер во Европа, Блискиот исток и Африка, што подразбира контакт со клиентите прекеу и-меил и телефон.
Компанијата работи на својот нов кампус во близината на Даблин, којшто ќе чини повеќе од 140 милиони долари.