Интегрален текст од соопштението на СДСМ.
Поддршка за раст и развој на домашните фирми, за отворање на нови фирми и за нови вработувања ќе има но тоа ќе го спроведе новата одговорна Влада на граѓаните.
Криминалната власт на Никола Груевски којашто изминативе 10 години затвори 10.000 домашни фирми го изгуби правото да ветува било што, а посебно не проекти за самовработувње и микро бизниси.
Скандалозно е што ваквите проекти доаѓаат од институција којашто во своите редови имаше ангажирано непријавени работници на црно.
Граѓаните препознаа дека власта работи исклучиво во интерес на бизнис зделките на фамилијата и затоа избраа промени.
Вистинската грижа за микро, малите и средните претпријатија доаѓа од новата одговорна влада според мнозинската волја на граѓаните којашто се обврза пред граѓаните дека 140 милиони евра ќе намени за раст и развој на домашните претпријатија.
За најдобрите бизнис идеи на младите ќе добијат 10.000 евра неповратни средства од државата.
Исто така малите и микро бизниси ќе имаат можност да користат бесплатен простор, архива и сметководство во бизнис центирте коишто ќе се отворат низ поголемите градови во Македонија.
За отпочнување на сопствен микро бизнис ќе им овозможиме на граѓаните пристап до евтини кредити во висина од 15.000 евра со 1% каматна стапка.
Затоа е потребна нова и одговорна Влада според мнозинската волја којашто ќе спроведува реални економски политики во интерес на граѓаните и државата.