Резервниот состав на тимот на Арсенал успеа рутински да стигне до победата во нокаут фазата на ФА Купот совладувајќи го тимот на Сатон кој се натпреварува во петта-та англиска лига.

Тео Волкот и Лукас Перез стрелаа прецизно за топџиите со што му овозможија пласман во четвр-финалето од ова натпреварување каде што ќе се сретнат со екипата на Линколн Сити.

Но, дефинитвно резултатот и пласманот на Арсенал во четврт-финалето ќе остане во сенка на моментот во 82-тата минута кога режисерот на натпреварот успеа да го фати во кадар резервниот голман на Сатон, Вејн Шо, како јадеше пита.

“Дебелкото“ од клупата не успеа да го дочека крајот на натпреварот па во рок од три минути ја изеде питата. Вејн Шо важи за еден од подебелите голмани кој има нешто повеќе од 95 кила а е висок само 180 сантиметри.

Како изгледаше моментот на натпреварот погледнете во продолжение.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2017 22:48