СДСМ е дувло и синоним за криминалот.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Нивните соработници кои продавале кокаин се веќе во притвор, а СДСМ освен заканите кон новинарите, молчи и не одговара на прашањата кои ја интересираат јавноста.

Дали аболицираниот криминалец Заев, како докажан пријател на подземјето, знаел дека неговите ортаци уништувале животи со години и дали чувствува барем морална одговорност?

Jавноста има право да знае дали овие криминалци биле сигурни во себе дека нема да одговараат заради тоа што СДСМ скоро цела година го водеше МВР? Дали грбот на овие дилери на дрога се структурите на Оливер Спасовски или пак Примислав Димовски? Се познавал ли притворениот Сеад Рахиќ со нив и дали му помагале?

Дали тој или некој од врвот на СДСМ по методот „Грам за Вицето“ наплаќале за поддршката и заштитата која им е давана на нарко-групата од безбедносните структури на СДСМ?

Ниту една јавна закана на Заев и функционерите на СДСМ кон новинарите нема да го спречи излегувањето на виделина на вистината. Јавноста има право да знае за криминалите на луѓе поврзани директно со врвот на СДСМ. Јавноста има право и да дознае што сака да сокрие Зоран Заев.

Местото на криминалците не им е во политиката, туку во казнено-поправниот дом Идризово. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 12:29