На 21.02.2017 година во 00.10 часот на ГП Аеродром „Александар Велики“ Скопје со воздухопловот на авиокомпанијата “WIZZAIR” од Малме допатувал И.Б. (53) од Скопје, кој бил под дејство на алкохол. По извршена пасошка контрола истиот изгубил рамнотежа и удрил на аголот од кабината, при што се самоповредил. Му била укажана лекарска помош од медицинска екипа при ТАВ Македонија, а бидејќи се работи за посериозна повреда известена била екипа од Итна медицинска помош од чија страна бил однесен во некоја од скопските клиники во придружба на неговиот внук И.Е. (34) од Скопје, информираат од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 13:37