Никој и ништо нема да ја спречи правдата. Во Република Македонија ќе има правда, а сите кои правеле криминал и зло дела ќе одговараат.
Така одлучија над 612.000 граѓани на Македонија и тој процес е незапирлив. Во Македонија ќе се спроведат темелни реформи според извештаите на Рајнхард Прибе и на Европската комисија, што ќе обезбедат независни институции.
Ќе има целосен реизбор на судии. Судиите ќе работат во заштита на граѓаните, а не по партиски директиви како досега.
Затоа сите обиди на криминалците, и надежи, дека може да ја избегнат правдата се јалови.
Порачуваме на институциите, да не се вовлекуваат во заштита на криминалната власт во заминување, која не избира кого ќе повлече со себе, во паниката од промените што доаѓаат.