Шпанскиот голгетер Давид Виља кој неколку сезони игра за тимот на Њујорк Сити влезе во историјата како прв играч кој добил црвен картон по прегледување на спорна снимка од страна на судиите.
Оваа технологија за прв пат ќе биде воведена во фудбалскиот свет во Американската МЛС Лига а преку неа судиите ќе имаат право на повторена снимка на монитор да ги прегледуваат сите спорни ситуации кои ќе се случат во текот на натпреварот. На почеток, судиите ќе можат да прегледуваат снимки само доколку постои спорна гол – ситуација или спорен фаул за црвен картон.
На пријателскиот натпревар помеѓу Њујорк Сити и Хјустон овој начин на прегледување беше воведен како пилот проба а се покажа доста корисен бидејќи во една спорна ситуација во која се најде Давид Виља судијата му додели жолт картон, за да по прегледот на снимката сфати дека имало намера во неговиот неспортски потег и да му покаже директен црвен картон.