За натпреварот Севиља – Лестер makpress.mk на своите читатели им доделува ваучери од Спортската обложувалница Sport Life и тоа на првите петорица кои ќе погодат точно и притоа ќе бидат најбрзи ќе им додели ваучери во износ од 200 денари на вторите петорица ваучер во висина од 100 денари, а за сите останати кои ќе одговорат точно, но нема да бидат во првите десет ќе им додели ваучери во износ од 50 денари.

Тимот на Севиља има одлична сезона во Шпанското првенство и се наоѓа на третото место на табелата на само два бода помалку од второпласираната Барселона. Во досегашниот тек на првенството играчите на Севиља примија 28 гола а постигнаа 46 во 23 натпревари.

Од 23-тите одиграни натпревари во Ла лигата, тимот на Севиља има забележано 15 победи, 4 нерешени и исто толку изгубени натпревари. На 14 натпревари тимот на Севиља прва го отворила резултатот на 7 натпревари противниците на Севиља први го отвориле натпреварот додека два натпревари завршиле со резултат 0:0.

Од сите 21 натпревар на кои што Севиља постигнала го, први стрелци биле Сарабиа кој успеал 3 пати прв да стрела за својот тим а исто толку пати прецизно стрелале и Вието и Бен Једер како први стрелци за тимот на Севиља. Нзонзи и Ибора по два пати први го отварале натпреварот а интересно е што и Севиља во два наврати поведувала преку автоголови на противничките тимови. Покрај овие стрелци, Јоветич, Кореа, Витоло, Васкез, Насри и Мерчадо по еднаш стрелале први за својот тим.

Во лигата на шампионите пак, тимот на Севиља на четири натпревари прва го отворила резултатот преку головите на Бен Једер, Насри, Вието и Парехо додека два натпревари завршиле 0:0.

Англискиот шампион пак, кој годинава разочарува со своите настапи и се наоѓа на дното од табелата во Англиската премиер лига во 25 првенствени натпревари постигнала само 24 гола а примила нешто повеќе од дупло голови односно дури 43.

Тимот на Лестер први го отварале резултатот на само 5 натпревари, додека на 17 натпревари биле во позиција да губат по првиот гол. 3 натпревари во домашното првенство завршиле со резултат 0:0. Од постигнатите голови на Лестер, Махрез, Варди и Слимани по три пати први постигнувале голови за својот тим, Муса стрелал два пати, додека на Греј, Оказаки и Улоа тоа им успеало само еднаш. (Стрелци на првите голови за Лестер независно дали први повеле)

Во Лигата на шампионите пак, тимот на Лестер покажа значително подобра игра за разлика од Англиското првенство па така од 6 натпревари на 4 натпревари први го отвориле резултатот со головите на Оказаки, Махрез, Слимани и Албринтон, додека во еден натпревар не успеале први да го отворат резултатот а еден натпревар завршил со најнепопуларниот резултат 0:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2017 19:19