Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 103.3.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (55.8%), Информации и комуникации (9.6%) и Градежништво (7.7%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (48.2%), Информации и комуникации (22.1%) и Стручни, научни и технички дејности (13.0%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2016, изнесува 23 457 денари.

Во декември 2016 година, 1.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2017 16:45