По повод 10 години од своето постоење, Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип објавува Конкурс за најдобра студентска фотографија. Конкурсот ќе трае до 15 март 2017 година.
Темата на Конкурсот е „Мојот универзитет“. Конкурсот е отворен за сите студенти од прв, втор и трет циклус на студии. Фотографиите, заедно со кратка биографија, треба да се испраќаат на следниве електронски адреси: robert.jankuloski@gmail.com igor.stojanov@ugd.edu.mkdijana.naseva@ugd.edu.mk
Основни критериуми за учество на Конкурсот
1. Право на учество имаат сите студенти од прв, втор и трет циклус студии.
2. Фотографиите не треба да бидат потпишани (“watermark”, “signature”) или на кој било начин означени со име или идентификација на фотографија. Фотографијата не треба да содржи име, презиме, иницијали, рамки или какви било текстуални карактери и симболи за идентификација на предната страна.
3. Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, магазини, каталози или да имаат учествувано на други натпревари.
4. Секој учесник може да учествува со една или повеќе фотографии.
5. Фотографиите што не одговараат на темата нема да влезат во изборот за награда.
6. Фотографијата треба да е фотографирана во Македонија. Фотографиите треба да исполнуваат одредени технички критериуми:
• Испратените фотографии не треба да содржат елементи на насилство, порнографија, расизам или некој друг облик на дискриминација.
• Испратените фотографии не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите фотографирани луѓе мора претходно да дале согласност за тоа.
• Фотографиите треба да бидат во JPEG формат.
• Треба да бидат над два мегапиксели.
• Најмалку 72 dpi.
• Дозволено е софтверско интервенирање на фотографиите.
Техничко-уметнички критериуми:
1. Естетика на фотографија. Фотографијата ќе се оценува според композицијата. Начинот на којшто се вклопени фотографираните елементи, кои треба да прават успешна целина во уметничка смисла.
2. Напредни естетски елементи. Тоналитет, форма, текстура, ритам, баланс, движење и сл.
3. Светлото во фотографијата. Фотографијата не треба да биде премногу темна, нити премногу светла. Фотографијата мора да има доволно видливи детали.
Со предавањето на фотографијата се потврдува дека:
• кандидатот е автор на фотографијата;
• фотографијата не е претходно изложена;
• кандидатот се согласува фотографијата да се користи во рекламни цели на организаторите на Конкурсот, во дигитална или во печатена форма.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на 17 март 2017 година. Фотографиите ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип на 23 март 2017 година – 18 часот. Тројцата најдобри учесници ќе добијат парични награди:
• прво место: 10 000,00 МКД;
• второ место: 6 000,00 МКД;
• трето место: 4 000,00 МКД.