Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот во село Драчево, во којшто е мавано со камења кон штаб на СДСМ.

Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ. Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид.

Порачуваме дека ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија. Така избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество каде секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2017 14:47