Во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и под покровителство на амбасадата на Австрија во Македонија, на 11 март во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 18. Виенски бал.
На традиционалната културно-музичка манифестација ќе настапи оркестарот „Јохан Штраус“ под диригенство на маестро Емин Џијан.
Танчери на танцовиот клуб „Прима Данца“ ќе ја забавуваат публиката со атрактивни танцови точки. Посетителите ќе танцуваат на познатите поп-хитови и евергрини за време на настапот на Џон Илија Апелгрен, Дејан Бобиќ – Дексо, Калина Велковска, „Свингерси бенд“ и „Џез Биг Бенд – ЗЏМ“.
Виенскиот бал има хуманитарен карактер и дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани на Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“.