Конгресниот центар „Александар Македонски“-Скопје објавува оглас за пријавување на соло музичари, музички групи и улични артисти кои би имале свои изведби на отворено во централното градско подрачје.
Огласот е отворен до 28 февруари, во рамки на проектот „Улични музичари и артисти 2017“, под покровителство на Град Скопје. Клучните критериуми кои ќе бидат земени предвид за ангажирање на музичари и уметници се нивото на техничката изведба, визуелната презентација и искуството во полето на улични изведби.
- Овој проект се одржува седми пат и има за цел културно заживување на духот на градот. Музичарите и артистите ќе понудат содржина која е достојна на една метропола и ќе ја надополнат и збогатат атмосферата и амбиентот на Скопје за сограѓаните и туристите, во претстојниот период, соопшти Конгресниот центар „Александар Македонски“.
Сите заинтересирани уметници за огласот и за деталите околу начинот на пријавување може да ја посетат официјалната веб-страница на ЈУ КЦ „Александар Македонски“ – Скопје http://www.kongresencentaraleksandarmakedonski.mk/