При силен пожар во хотел во југоисточна Кина загинаа 10 лица, јави Танјуг.

Пожарот што избил утрово во хотел во градот Нанчанг ги заробил луѓето што се наоѓале во него.

На видеата што беа објавени на кинеските социјални мрежи се гледа густ облак од чад како се создава над хотелот.

Се наведува дека пожарникарската акција е завршена, а постои сомнение дека пожарот го предизвикала машина што се користи за сечење на градежни материјали.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2017 16:37