Иако поминаа само девет месеци, откако за првпат во клупската историја е освоена шампионската титула во англиската Премиер лига, раководните лица на актуелниот шампион на Англија, тимот на Лестер, одлучија да стават крај на соработката со италијанскиот стручњак, Клаудио Раниери.

Поранешниот предводник на Интер и Манчестер Сити е посочен како главен виновник за очајните резултати во актуелната сезона.

Фудбалската јавност е шокирана од ваквиот потег на сопствениците на Лестер а скоро сите врвни фудбалски имиња и стручњаци излегоа со поддршка за италијанскиот стратег.

Медиумите шпекулираат дека дуото Варди – Махрез му пресудија на Клаудио Раниери и преку нивните слаби игри го доведоа тимот од шампионска титула до борба за опстанок во првата лига.

Лестер е моментално на 17-та позиција во англиската Премиер лига, со освоени 21 бод, а во првиот 1/8 финален натпревар од Лигата на шампиони, популарните "лисици" доживеаа минимален пораз од 2:1 во дуелот против шпанскиот претставник Севилја.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2017 16:55